Неконкурентноста на болидот на Ферари и лошите одлуки кои ги носат во тимот, го натераа Себастијан Фетел да почне да размислува за напуштање на Формула 1, по завршувањето на сезонава.
Иако од Ферари пред сезоната најавуваа борба за титулата, во раната фаза од сезоната стана јасно дека нема шанси за такво нешто (после само шест трки, има големи 55 бода минус во однос на лидерот Луис Хамилтон). Навивачите се разочарани и од перформансите на болидот, но и од возачките способности на Фетел, па и против него има многу критики. Се покажа дека Фетел не е човекот кој може да биде наследник на Михаел Шумахер кој носепе титули во Ферари.
Фетел има четири титули светски првак, но со Ред Бул. По трансферот во Ферари, постојано им гледа в грб на ривалите од Мерцедес, а годинава попопуларен од него е и клупскиот колега Шарл Леклер.
Веќе почнаа шпекулации и околу тоа кој би го наследник Фетел во црвениот болид. Имињата кои се вртат по кулоарите се Серхио Перес, Кевин Магнусен, Ромен Грожан и Валтери Ботас, а дури и Фернандо Алонсо, кој кажа дека во Ферари има незавршена работа.