Седете дома, ГФК Осогово се грижи со насмевка да го минете карантинот (Фото)

Фудбалскиот клуб Осогово има одлична комуникација со симпатизерите на најважната споредна работа на светот, а неколкупати го привлекоа вниманието и на светската јавност со интересни и духовити содржини на социјалните мрежи.

Со своите твитови и објави на социјалните мрежи, луѓето од Осогово развија мрежа на пријателство со светски познати клубови, а и најновата објава им е во тој дух, светска.

Погледнете што се би направил Осогово само да се спаси од испаѓање во Третата македонска лига. Како што играа до прекинот на натпреварите во Втората лига Исток, тоа тешко ќе им појде од рака, но не го губат духот со одлични содржини што неминовно ќе ви извлечат насмевка во тешките моменти на карантин поради пандемијата со корона-вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести