Раководството на Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, размислува за можноста да ја напушти централата во Швајцарија, пишуваат некои американски медиуми. Седиштето на ФИФА се наоѓа во Цирих уште од далечната 1932 година.
Желбата за преселба е на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој во јуни беше реизбран на позицијата. Според информациите, проблем е законодавството на Швајцарија, кое ги отежнува вработувањата на лица кои не се од Европа и репутацијата на оваа држава со корпоративни тајни, а тоа е спротивно на целите на ФИФА, да си го исчисти лицето по големиот корупциски скандал од 2015 година.