Седлоски очекува победа против Лапи на крилјата на навивачите на Шкупи

Гоце Седлоски е оптимист во првиот меч како тренер на Шкупи на европски настап, утре против Лапи од Косово на скопската арена „Тодор Проески“.

„Фудбалот се игра за публика и конечно очекувам утре нашите навивачи во голем број да дојдат и да нè поддржат за да го победиме Лапи. Очекувам дополнително да нè мотивираат за да забележиме успех. Ангажиравме добри засилувања, успеавме во овој период добро да се воиграме, а утре е вистинскиот тест за нас“, вели Седлоски.

Шкупи од 20 часот на арената „Тодор Проески“ ќе му биде домаќин на тимот од Косово во првото квалификациско коло во Конференциската лига на Европа.

„Фаворити сме, но тоа е само пред меч и на хартија. На теренот треба да потврдиме дека сме подобри од Лапи. Мора да ги сведеме грешките на минимум и со добар резултат да патуваме на реваншот“, изјави голманот на Шкупи, Кристијан Наумоски.

Реваншот ќе се игра за една седмица во Приштина.

 

- Оглас -

Најнови вести