32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Седлоски: По првиот примен гол нашата игра се распадна, а Лозана тоа не го простува

СпортМанија во Лозана,

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, е разочаран од високиот пораз во Лозана со 5:0, но признава дека швајцарскиот тим заслужено оди понатаму.

„Честитки за Лозана за заслужената победа и тоа што одат понатаму. Доста тежок резултат за нас како клуб, за мене како тренер, за играчите, за навивачите, за сите. Во првите 15 минути игравме добро, но по првиот гол тотално ни се растури играта. Тим како Лозана тоа не го простува, секоја шанса ја претворија во гол. Едноставно потфрливме во сите делови од теренот“, вели Седлоски.

Тренерот на Вардар вели дека џабе биле сите совети затоа што играчите на Лозана постојано притискаа и не попуштаа во темпото.

„Дали беше тоа вештачката трева или полетавме по резултатот што го направивме во Скопје, не знам. Знаевме дека Лозана има одлични играчи. Не стоевме добро на теренот, на полувреме на играчите им реков да се стабилизираме, но Лозана постојано притискаше. Ние завршивме во Европа, на Лозана ѝ посакувам многу успех понатаму“, додава стратегот на Вардар.

Сега Вардар треба да се фокусира на предизвиците во домашното првенство кое започнува за помалку од десет дена.

„Овој настап во Европа беше награда за нас затоа што знаете каде беше Вардар до пред неколку месеци. Сега почнуваат првенство, Купот, добри предизвици се пред нас“, заврши Седлоски на прес-конференцискат по мечот во Лозана.

- Оглас -

Најнови вести