15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Седлоски: Пред меч да ми понудена победа од 3:0, ќе прифатев

Вардар обезбеди убава предност од три гола по првиот меч против Ла Фиорита во квалификациите од Конференциската лига. Ова е прв европски триумф на Вардар, откако имаше низа од седум порази и едно реми во настапите пред седум-осум години.

Тренерот Гоце Седлоски е задоволен од играта на своите избраници и од резултатот.

„Во првото полувреме влеговме како во грч, некои играчи прв пат играат европски мечеви. Ваквите ривали се незгодни може од една шанса да дадат гол. Задоволен сум како одигравме, измените кои ги направивме донесоа разлика на теренот. Некој да ни кажеше дека победиме 3:0 пред мечот, сигурно ќе прифатев. Ова е прво полувреме, нема да се опуштиме и во реваншот одиме да ја довршиме работата“, рече Седлоски по мечот.

Ѓорѓие Јанкулов е среќен затоа што Вардар успеа да ја сочува својата мрежа.

„Првото полувреме го одигравме во грч. Знаевме дека кога ќе постигнеме прв го, потоа ќе биде полесно затоа што противникот ќе се отвори и ќе заигра поофанзивно. Задоволни сме што не примивме гол и ја сочувавме мрежата“, вели фудбалерот на Вардар, Јанкулов.

- Оглас -

Најнови вести