Седлоски: Само да не ги повториме грешките како против Динамо и Шемрок

Шкупи утре на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува косовскиот тим на Балкани, во првиот меч од плејофот во Лигата на конференциите.

Тренерот Гоце Седлоски верува дека неговите фудбалери може да остварат историски успех и да се пласираат во групната фаза, по што Шкупи би станал само втор македонски клуб по Вардар кој успеал да стигне до групите во едно од натпреварувањата на УЕФА.

„Мило ми е што сите играчи ми се на располагање. Никој не е повреден, немаме суспендирани. Треба да се напомене дека пријателскиот дуел против Балкани претходно во летните подготовки нема никаква врска со она што нè очекува утре. Наша задача е да играме трпеливо и паметно, да не ги повториме грешките како против Динамо и Шемрок бидејќи скапо нè чинеа. Јасно е дека пред нас е квалитетен противник со оглед на тоа што стигнал да се бори за пласман во групната фаза како и ние. Утре го играме првото полувреме од 90 минути и се надевам дека ќе одговориме на предизвикот. Имаме право да се надеваме на успех“, посочи Седлоски.

Натпреварот Шкупи – Балкани е закажан за утре во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести