Рекордерот по број на настапи во дресот на македонската фудбалска репрезентација, а сега тренер Гоце Седлоски, ќе биде наименуван за нов тренер на вториот тим на Динамо Загреб. Според хрватските медиуми, договорот е постигнат, и се чека само потпис, со што дилот би станал официјален. Седлоски од 1998 до 2004 година, и потоа во 2005 играше за Динамо, а сега ќе го води вториот тим, на местото на Игор Јовичевиќ, кој напредуваше во првата екипа и ќе го наследи Ненад Бјелица.
Последен ангажман на Седлоски му беше како тренер на босанскиот Широки бријег, пред тоа го водеше и Вардар.