Седлоски се врати и Шкупи повторно личи на шампионски тим, Струга на седмо небо

Шкупи го растури Работнички со 5-0, и потсети кој е актуелен шампион во македонската прва лига.

По враќањето на клупата, сега ситуацијата на Гоце Седлоски е многу поповолна, и новиот мандат му почна со голем триумф. По првото полувреме, Шкупи водеше со 4-0, а гостите уште во 9-та минута останаа со човек помалку.

Лидерот на табелата, Струга Трим Лум, со 3-0 беше подобра од фенерџијата Скопје, има 21 бод од седум настапи, и има седум бода повеќе од најблискиот конкурент.

Минимални победи извојуваа Победа над Брегалница (1-0) и Тиквеш против Академија Пандев (2-1).

 

- Оглас -

Најнови вести