Македонскиот фудбалски првак Шкупи ќе се обиде утре да го изненади фаворизираниот Динамо во Загреб, во првиот дуел од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е поранешен не само играч, туку и капитен на Динамо и еден од омилените фудбалери во тоа време. Сега Седлоски како предводник на Шкупи има за цел да ги изненади домаќините.
„Секако, со Динамо Загреб имам многу спомени како поранешен фудбалер на овој тим, но сега сум на страната на Шкупи и јас велам нема да се откажеме така лесно. Колку што успеав да видам, противникот игра отворен фудбал, затоа треба да бидеме внимателни. Ќе дадеме се од себе во текот на целиот натпревар за да постигнеме позитивен резултат“, рече Седлоски на прес конференцијата.