Седлоски: „Вардар го заслужи овој трофеј, го враќаме клубот таму каде што припаѓа“

Вардар дојде до трофејот од Купот на Македонија откако во финалето победи против Струга со 2-0. Тренерот на Црвено-црните, Гоце Седлоски, по мечот не го криеше задоволството од победата.

„Сакам да им честитам на моите играчи, но и на играчите на Струга, за овој добар натпревар, фер и коректен. Мислам дека сосема заслужено победивме. Тоа што го барав од момците, сите тактички замисли ги исполнија на теренот. Оваа екипа заслужува и многу повеќе. Знаете и сами каде беше Вардар пред шест месеци, долу на табелата, овој Куп го заслуживме. Оваа полусезона секој натпревар за нас беше како финале. Сега имаме малку простор да се одмориме. Многу напор вложивме за да го вратиме Вардар таму каде што му е местото. Вардар заслужува и многу повеќе“, рече тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, по освојувањето на трофејот.

- Оглас -

Најнови вести