Селекторот на македонската фудбалска репрезентација и тренер на скопски Вардар, Гоце Седлоски, во поткастот FFM Podcast, кој ќе биде емитуван утревечер во 20 часот, ќе каже доста интересни работи кои ќе го привлечат вниманието на пошироката јавност, најмногу љубителите на фудбалот.
Седлоски вели дека не е лесно да се премине од Хајдук во Динамо Загреб, како ни од Шкупи во Вардар, а ќе говори и за други детали од кариерата како играч, од типот на дуелот со Манчестер јунајтед против Двајт Јорк и Енди Кол, кои беа во топ форма, и за предизвиците како селектор кои го очекуваат во наредниот период.

