23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Седлоски: Заслужено победивме, но Лозана уште ја има фаворитската улога

Вардар го доби тоа што го посакуваше. Црвено-црните ја победија Лозана со 2:1 во Скопје, во првиот меч од второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Тренерот на Вардар Гоце Седлоски е задоволен од резултатот, но знае дека ништо не е завршено и дека патникот за во третото коло ќе се знае по реваншот во Лозана.

„Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме офанзивен фудбал и тоа го остваривме на теренот. Единствено не сум задоволен од тоа како влеговме во првите 10-тина минути во второто полувреме, но не треба да се заборави дека имавме тежок ривал од Швајцарија со голем буџет“, рече Седлоски веднаш по мечот.

Стратегот на Вардар потенцира дека ривалот од Швајцарија уште ја има фаворитската улога во овој двомеч, но Црвено-црните ќе се подготвуваат за да ја остварат мисијата а тоа е пласман во третото коло од квалификациите.

„Тука не застануваме. Уште Лозана ја има улогата на фаворит, но ние ќе работиме ќе се подготвуваме да ја оствариме целта и во реваншот. Благодарност и до публиката која беше наш 12-ти играч. Постојано не бодреа и ние им подаривме триумф“, додава Седлоски.

- Оглас -

Најнови вести