Седма круна за Кралот на снукерот – Легендарниот Рони О’Саливен повторно е светски првак

Легандарниот снукер играч играч, Рони О’Саливен по седмипат во својата кариера е Светски првак, откако во финалето во Шефилд го совлада Џод Трамп со 18:13 во фрејмови.

За О’Саливен ова е седма титула, откако претходната ја освои во 2020 година, а со тоа се израмни со Стивен Хендри.

Тој по крајот на мечот срдечно се поздрави со противникот, за потоа победата да ја прослави со неговите деца и во плач.

- Оглас -

Најнови вести