Седмата рунда на Спортска прогноза треба да се почне германски прецизно за „ајфон12“

Седмата рунда на Спортска прогноза ќе биде исклучително интересна со неколку дерби-дуели, а како и секогаш, стартот е посебно важен во обидот да се погодат 13 натпревари за „ајфон 12“.

Почетокот на колото е со двата бундеслигашки дуели во сабота од 15.30 часот, термин што е последен за прогнозирање во ова коло на Спортска прогноза.

Херта ќе игра со Фрајбург, а Штутгарт му е домаќин на Хофенхајм во неизвесни дуели чии исходи теба германски прецизно да се погодат за да се стартува сигурно во трката за убавата награда „ајфон 12“.

Вашите прогнози можете да ги комбинирате веќе денеска, од 14 часот, а има неколку мечеви што се во фокусот на популарната Тринаестка.

Во сабота ќе се игра дербито во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Барселона од 21 часот, како шлаг на тортата во првиот дел од шест меча во седмото коло на Спортска прогноза.

Во недела има уште седум меча, а посебно привлечни се дуелите меѓу Ливерпул и Манчестер сити во 17.30 часот и Аталанта со Милан во 20.45 часот, како последен меч од Тринаесетката.

Наградите се одлични, Sport Life во секое коло доделува прекрасен мобилен телефон за погодени 13 парови, а има и награди и за едно и две промашувања.

За погодени 12 меча се доделува ваучер од 1.000 денари, што може да се одигра во Sport Life, а со 11 точно прогнозирани мечеви следува ваучер од 500 денари.

Се што треба за учество во бесплатната игра која Sport Life и Спорт Манија ја организираат четврта година по ред е да имате СЛ картичка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести