Седмерците ја направија разликата: срцето и борбата не беа доволни за реми или победа

Македонија претрпе пораз од Холандија од 32-37 во дуелот од второто коло од групната фаза на ракометното Светско првенство.

Откако Холандија на полувреме замина со 18-15, после три и пол минути од второто полувреме, Холандија поведе со 20-15, и некако спласна притисокот од трибините. На 20 минути до крајот намаливме на 21-23 и пак се разбуди Фалангата на трибините, но задоволството траеше кратко, Холандија со мини-серија од 2-0 побегна на четири гола разлика. До крајот постојано бркавме негатива, се обидувавме да го стопиме минусот, но не успеавме. Секој обид да намалиме на еден гол разлика беше запиран од некаков седмерец или друга судиска одлука која ја налути публиката.

Холандија изведе дури 12 седмерци, Македонија само 4, и тука беше главната разлика, што ги натера навивачите гласно да скандираат „ИХФ мафија“.

Најефикасни во македонскиот тим беа Кузмановски со 9 и Серафимов со 6 голови. Тен Велде се прослави со 11 голови, а тој беше и избедувач на седмерците за Холандија.

Во третото коло в недела од 18 часот, Македонија игра со Гвинеја, нашите ракометари ќе бидат големи фаворити и тоа е идеална прилика да се извојува првата победа која ќе ни донесе пласман во следната фаза и уште три меча во Вараждин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести