Седми мај станува „петок 13-ти“ за Барселона

На Барселона едноставно не ѝ оди кога треба да игра на 7 мај. Ова синоќа само потврди дека седмиот ден од петтиот месец во годината е најлошиот датум за Барса и не сакаат да се потсетуваат на него.

Првото понижување им се случи пред 11 години, на 7 мај 2008, кога Каталонците пред мечот со Реал во Мадрид мораа да направат „тунел“ во чест на тогашниот првак на Шпанија, нивниот најлут ривал. Освен тоа што со шпалирот го поздравија Реал, го загубија тој меч со 4-1.

Синоќа повторно 7 мај се покажа како кобен за Лионел Меси и другарите. Првпат на Барселона ѝ се случи да испадне од Лигата на шампионите по триумф од 3-0 во првиот меч. Овој пораз навивачите на каталонскиот гигант уште долго нема да го заборават, исто како што уште ги пече и срамот од пред 11 години во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести