Никола Јокиќ успеа да дојде до седмиот трипл-дабл оваа сезона во НБА лигата, а тоа беше доволно за нова победа на Денвер, осма по ред или вкупно 11-та. Нагетси славеа со 112-123 на гостувањето кај Минесота, а Србинот имаше ефект од 27 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Одличен меч се одигра и во Милвоки, каде победата им припадна на кошаркарите на ЛА Лејкерс со 95-119. Најзаслужен за триумфот на „езерџиите“ беше Лука Дончиќ, кој уфрли дури 41 поен. Ривс со 25 поени и Ајтон со 20 поени беа поддршка за Словенецот, додека Јанис Адетокумбо со 32 поени беше најефикасен во составот на Милвоки.
Резултати:
Кливленд – Мемфис 108-100
Шарлот – Оклахома 96-109
Индијана – Торонто 111-129
Милвоки – ЛА Лејкерс 95-119
Минесота – Денвер 112-123

