Лацио ја слави седмата титула на Купот, а во Рим ја донесоа головите на Милинковиќ-Савиќ и Кореа во последните десетина минути од финалето против Аталанта.
Српскиот репрезентативец погоди со удар со глава во 82-рата минута за голема радост на „Олимпико“ во Рим, а потоа потврда на успехот донесе Кореа со нов погодок во последните моменти од финалето.
https://twitter.com/OfficialSSLazio/status/1128759263088656384
За Лацио ова е седма куп-круна, со што се израмни со Интер на листата екипи со најмногу пехари. Двете екипи сега се зад Јувентус со 13 и Рома со девет куп-трофеи.
Аталанта не успеа да стигне до вториот пехар во клупската историја и на составот од Бергамо му останува единствениот успех од 1963 година.