Седмицата против Порто наградена од ЕХФ – Чупиќ е играч на колото во ЛШ

Иван Чупиќ блескаше во дресот на Вардар против Порто, а со 7 постигнати голови си најде место во идеалниот тим на второто коло во Лигата на шампионите, а сега е избран и за ракометар на колото од ЕХФ.

Вардар ја забележа и втората победа на стартот од новиот циклус натпревари во ЛШ и одлично ја почна одбраната на европската круна, што ја освои лани и двапати во последните три години.

Чупиќ беше еден од иницијаторите на пресвртот во „Јане Сандански“ откако по првиот дел Вардар губеше со 14:16, а потоа со фуриозна игра победи со 32:27.

Со тој триумф, Црвено-црните се единствената екипа од групата Б со максимален учинок, а патем, како шлаг на тортата Чупиќ е промовиран во МВП на второто коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести