Дефанзивецот на Сао Паоло и соиграч на Кристијано Роналдо од 2016 година кога Португалија стана европски шампион, Седрик Соареш, зборуваше за тоа како неговиот поранешен репрезентативен колега се однесува кон мобилните телефони додека спие.
„Во одредени периоди од денот, Кристијано престанува да го користи мобилниот телефон. Вели дека тоа влијае на неговиот сон, па затоа го остава телефонот надвор од спалната соба. Еден ден ми рече: Седрик, не треба да користиш 5G бидејќи може да ти влијае на сонот. Не знам дали го користи сега, но тогаш го блокираше сигналот одреден број часови додека спиеше“, раскажа Седрик.