Хрватските и грчките медиуми објавија дека попладнево на граничниот премин Евзони на грчко-македонската граница биле уапсени седуммина хрватски државјани за кои има сомнеж дека се фанови на Динамо Загреб и учествувале во синоќешните нереди во Атина, при кои еден Грк го загуби животот.
Информациите се дека седумтемина патувале со комбе во кое имало и ладно оружје.
Инаку, полицијата во Атина има добра шанса да го пронајде убиецот на 29-годишниот Михалис бидејќи на облеката на починатиот има ДНК остатоци. Земени се примероци од сите хрватски хулигани кои беа приведени и споредбата на ДНК може да донесе резултат да се открие кој го прободел со нож несреќниот навивач на АЕК Атина.
Ножот со кој е извршено убиството уште не е пронајден.