12.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Седум часа со автомобил од Париз до Вадуц за да ја бодрат Македонија (Фото)

Македонските навивачи од сите страни на Европа пристигнуваат во Вадуц, за да ѝ дадат поддршка на нашата репрезентација во дуелот против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство.

Помеѓу македонските навивачи во Вадуц е и една група која пристигна од Париз, а до Лихтенштајн возеле со автомобил цели седум часа.

„Патувавме шест-седум часа за да дојдеме од Париз. Далеку е, но за Македонија да ја бодриме воопшто немаше двоумење да дојдеме. Очекуваме победа.“ – рекоа навивачите кои пристигнаа од Франција.

„Фалангата“ на мечот ќе носи црни маички во чест на загинатите од големата трагедија во Кочани.

- Оглас -

Најнови вести