Седум екипи се максимални по второто коло, Сити е осми, Реал, Барса и Баерн на средина од табелата (Фото)

Откако се одиграа сите натпревари од второто коло на Лигата на шампионите, може да се сумира и табелата на која се наоѓаат сите 36 екипи учеснички. Само седум екипи имаат максимален ефект по две кола, а помеѓу нив има и неколку изненадувања.

На првата позиција е Борусија Дортмунд со најдобра гол-разлика од екипите со по шест бода, +9, па следува најголемото изненадување, француски Брест. Максимална е и Бенфика, како и Баер Леверкузен, Ливерпул, Астон вила и Јувентус.

Групата од седум екипи со по четири бода ги предводи Манчестер сити, а изненадувачки лош пласман имаат Барселона на 16-тата и Реал Мадрид на 17-тата позиција, но ништо подобар не е ниту Баерн Минхен, кој по поразот од Астон вила падна од првото на 15-тото место.

Втората половина од табелата започнува со екипата на ПСЖ, која во моментов е на делба на 18-тата и 19-тата позиција со ист ефект како и Лил, додека на позиција која носи пласман во нокаут фазата се и Селтик, Бриж, Феенорд, Атлетико Мадрид и ПСВ. Дури осум екипи немаат ниту бод по два натпревари, а со најлош ефект се Јанг бојс и Слован Братислава со негативна гол-разлика од -8.

- Оглас -

Најнови вести