Вечерашната програма во НБА лигата е сочинета од седум натпревари, а најголемо внимание привлекува дуелот во Сан Франциско каде се среќаваат Голден стејт на Стеф Кари против Далас на Лука Дончиќ.
Според квотите во Sport Life, фаворити за победа се гостите од Тексас.
Интересно треба да биде и во Сан Антонио каде Спарси предводени од Виктор Вембањама, ја пречекуваат Минесота на Ентони Едвардс. Мемфис оди по петта победа по ред, но нема да им биде лесно против Лејкерс во Лос Анџелес.
Една од најпривлечните квоти за вечерва е онаа од 2.60 за победа на Орландо меџик против Њујорк никс. Магичните уште не знаат за пораз на свој терен и ќе пробаат да ја продолжат триумфалната домашна низа, но ќе имаат еден хендикеп, нема да игра првиот стрелец Франц Вагнер.
Доколку сакате да се обложите на број на поени на играчи, Sport Life ви нуди над 70 кошаркари кои ќе настапат вечерва.