7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Седум месеци немаа одиграно меч со 3+ голови, ви најавивме дека таа серија денеска ќе сопре

Дуелот од втората француска лига меѓу Ајачио и Родез денеска посебно го издвоивме од големата понуда на фудбалски натпревари, а тоа беше поради фактот дека некогашниот член на најсилната француска лига неверојатни седум месеци немаше одиграно меч со повеќе од два гола (од 31 јули 2021 година). 

Ајачио до денеска имаше низа од 24 натпревари во сите натпреварувања на кои максимум имало два голови, но таа низа денеска заврши. Интересно е дека на мечот против Родез, уште во првото полувреме беа постигнати три погодоци.

Домаќините поведоа во 11 минута, а Родез израмни во 33 минута. Во последната минута од првото полувреме, Нури по втор пат погоди за Ајачио и донесе водство за домаќините од 2:1. Овој гол значеше и прекин на неверојатната низа од 24 средби на кои игра Ајачио, а на кои немало повеќе од два погодоци.

Тоа што се чекаше седум месеци, Ајачио денеска го направи за смао 45 минути. Квотата за 3+ во Sport Life денеска се движеше до 3.50, што значи дека ова беше одлична шанса за добра заработка на само еден дуел.

- Оглас -

Најнови вести