Седум репрезентации веќе обезбедија место на ЕП 2024

Квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија се ближат кон крајот. Остануваат да се доиграат уште некои средби од октомврискиот прозорец, а потоа ќе следуваат последните две кола кои се закажани за во ноември.

Додека едни стравуваат, други калкулираат, седум селекции веќе го слават пласманот на завршницата на континенталниот собир. Селекциите на Шпанија, Шкотска и Турција синоќа обезбедија виза за настап на ЕП 2024 и со тоа се приклучија на Франција, Белгија и Португалија, како и домаќинот Германија, кои сигурно ќе бидат дел од континенталниот турнир следната година.

Многу блиску до пласман на ЕП се и Австрија, Романија, Швајцарија, Словенија, Данска и Унгарија. Има и групи каде што уште многу работи се неизвесни, па ќе биде возбудливо до самиот финиш.

- Оглас -

Најнови вести