13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Седум златни медали освоија македонските борци во Истанбул

Одличен беше овој викенд за македонските натпреварувачи кои настапија на силен турнир во Бразилска Џиу Џица во организација AJP Tour, АЈП Истанбул. Во дводневната програма, првиот ден имаше борби со кимоно (ги), а вториот борби без кимоно (но-ги), а нашите претставници се вратија со дури седум златни медали.

Даниела Алексовска, Ева Илиевска и Стефан Пецевски беа тројцата натпреварувачи од најуспешниот македонски клуб “Д Стронгест”. Алексовска освои три златни медали, еден во јуниорска конкуренција и два во сениорска конкуренција (ги & но-ги), борејќи се со постари противнички.

Илиевска освои златен медал со кимоно и најсјајно одличје без кимоно. Иако во дисциплината но-ги се бореше во потешка категорија, Пецевски освои два златни медали во конкуренција на силни противници.

Македонската експедиција беше предводена од тренерот Ивица Алексовски.

- Оглас -

Најнови вести