Милан го има најлошиот преоден рок во историјата на фудбалската игра, според анализата на италијанските медиуми, а се работи за летниот тренсфер пазар пред две години.
Милан потроши 200 милиони евра, а најголемото засилување тогаш, Леонардо Бонучи со еуфорија беше пречекан во Милано. Го платија 42 милиони евра, а токму заради него не им останаа пари да го купат Пјер-Емерик Обамејанг. Пристигнаа уште и Мусачио за 18 милиони евра, Кеси за 28 милиони, Андер Силва беше платен дури 38 милиони, Чалханоглу чинеше 20 милиони, Билја 17, Калиниќ 25, Родригес 15 и Борини пет милиони евра.
Од нив само Чалханоглу и Конти се страндардни моментно во Милан, Кеси и Родригес се се повеќе резерви, исто и Мусачио, а останатите си заминаа.
„Ако се земат во предвид сумите што беа платени како отштета и платите на тие играчи што пристигнаа во летото 2017 година тогаш тоа е најлошиот преоден рок во историјата на топ-5 лигите во Европа“, пишува Емет Гејс, новинар во „Фудбал Италија“.
На првиот меч тогаш со новите засилувања против романска Крајова, Милан го гледаа 65 илјади навивачи на „Сан Сиро“.

