Седумкратниот француски шампион од вечерва е последен на табелата во Лига 1

Последниот натпревар од деветтото коло во Лига 1 донесе ново разочарување на навивачите на Олимпик Лион кој играше против Клермон и загуби со 2:1.

Ова беше дуел на двете последнопласирани екипи на табелата кои досега немаа ниту една победа.

Но, навивачите на седумкратниот француски шампион повторно разочарани го напуштија стадионот бидејќи Олимпик Лион по денешниот пораз остана закован на дното на табелата со само три освоени бодови од девет меча.

Клермон победата ја обезбеди со головите во првото полувреме преку Мухамед Чам во 10-та и Јоан Мањин во 45-та минута. И третиот гол на мечот го постигна играч на Клермон, Ожие кој во 52-та минута ја затресе сопствената мрежа.

 

- Оглас -

Најнови вести