Седумкратниот светски првак се жали: Болидот е катастрофа

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон продолжува да се мачи сезонава. Човекот кој освои седум шампионски титули во Ф1 изјави дека болидот со кој настапува е во катастрофална состојба.

„Ништо не работи. Едноставно е катастрофа. Болидот е се полош и полош. Колку повеќе се обидуваме да поправиме, толку сме понезадоволни“, рече Хамилтон.

По досега извозените трки, Хамилтон моментно е на шестото место во генералниот пласман со 62 бодови, што е за дури 88 бодови помалку од водечкиот Макс Верстапен.

Хамилтон сезонава само еднаш успеа да се искачи на пиедесталот, а на ниту една трка немаше пол позиција, односно најдобро време во квалификациите. Вечерва се возат квалификациите за Големата награда на Канада, а за Хамилтон да стигне до пол позицијата, коефициентот е дури 70.

- Оглас -

Најнови вести