Матајс де Лихт е главниот актер на второто полуфинале од сегментот А во Лигата на нациите, а стоперот на Холандија одлучи да се играат продолженија.
Англичаните поведоа со 1:0 од пенал по грешката на Де Лихт во 32-рата минута, но во второто полувреме се коригираше со гол за израмнување.
Тоа значи дека двата полуфиналисти во сегментот А од новото натпреватување ќе мораат на бис уште двапати по 15 минути, а има варијанта и пеналите да одлучуваат која селекција ќе го игра премиерното финале со Португалија.
Домаќините на турнирот на четирите најдобри селекции вчера со хет-трикот на Кристијано Роналдо ја победија Швајцарија со 3:1.