32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Сефте триумф за Фрајбург по рестартот на сезоната, Гладбах утре ќе навива за Баерн (видео)

Фрајбург конечно оствари победа во петтиот меч по рестартот на сезоната во Бундеслигата, со минимални 1-0 совладан беше тимот на Борусија Менхенгладбах. Сефте трите бода за Фрајбург ѝ овозможија на екипата да сонува за Лигата на Европа, а воедно Гладбах западна во проблеми во нивниот поход кон пласман во Лигата на шампионите.

Единствениот погодок на средбата го реализира Петерсен во 58-та минута по успешно изведениот прекин на Грифо, а гостите западнаа во дополнителни проблеми по исклучувањето на Плеа во 68-та минута, па речиси и да немаа шанси за спас од пораз.

Фрајбург по 30-тото коло сигурно ќе се задржи на осмата позиција со 41 бод, еден помалку од Волфсбург и Хофенхајм, додека Менхенгладбах со 56 бода засега останува на четвртото место кое води во ЛШ, исто толку бода има и Баер Леверкузен, па затоа екипата од Борусија утре ќе навива за Баварците во нивното гостување на „Бај арена“.

- Оглас -

Најнови вести