Бразил и Хрватск одиграа без голови по 90 минути, што значи дека патникот за полуфиналето на Светското првенство ќе се бара во дополнителните 30 минути, а можеби и по изведување на пенали.
Доминик Ливаковиќ е апсолутен херој во досегашниот дел од мечот. Голманот на Хрватска имаше дури осум одбрани, најмногу на еден меч за голман на овој Мундијал. Посебно добри беа одбраните на голманот во вториот дел, кога Бразилците многу поопасно нападнаа, но џабе кога не постигнаа гол.
Во 55 минута Ришарлисон имаше одлична шанса, но повторно Ливаковиќ беше подобар. Хрватска во осминафиналето ја елиминираа Јапонија на пенали, а и на Мундијалот пред четири години во Русија, во три нокаут фази поминуваа понатаму, откако во регуларниот дел беше нерешено.