Ситуацијата на табелата во Конференциската лига по пет кола е таква што македонскиот првак Шкендија би учествувала во баражот за осминафинале и таму би се борела против италијанската Фиорентина или словенечкиот Целје.
Останува уште едно коло од лигашкиот дел во кое Шкендија треба да гостува кај АЕК Ларнака на Кипар. Тетовци и со пораз би имале добри шанси да останат меѓу 24-те најдобри во ова натпреварување и да играат бараж.
Интересно е дека според моментната ситуација, еден од двата можни ривали на Шкендија во тој бараж е Фиорентина, тимот кој лани и преклани играше финале во Конференциската лига.

