Второто коло во Конференциската лига на УЕФА не е комплетирано поради одложувањето на прекинатиот меч Риека – Спарта Прага, но според моментната состојба на табелата во ова натпреварување, Шкендија е на позиција води во плејоф за место во осминафиналето.
Шкендија вечерва го победи Шелбурн и има 3 бода со гол-разлика 1-2, што е доволно за 19-то место.
Кога денеска би завршил лигашкиот дел, тетовци би играле плејоф, а можни ривали би им биле 13-тиот Зрињски или 14-тата Спарта Прага. Ако Спарта освои бод или три против Риека, тогаш можен ривал би бил атински АЕК.
Прерано е за вакви математики, остануваат уште четири меча за играње и ќе има уште многу промени на табелата. Во следното коло Шкендија на 6-ти ноември игра дома со полскиот тим Јагјелонија, кон крајот на ноември има гостување кај Дрита во Косово, а во последните две кола во декември ривали на тетовци се Слован Братислава (дома) и АЕК Ларнака (гости).

