6.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Сега да завршеше лигашкиот дел во ЛШ, би имале можни баражи Наполи – Ливерпул и Барса – Јуве

На две кола до крајот на лигашкиот дел од Лигата на шампионите, Арсенал дојде на чекор од обезбедување на осминафиналето, а освен Топчиите, уште Баерн, ПСЖ, Манчестер сити и Аталанта си обезбедија место во нокаут-фазата, во која ќе учествуваат најдобрите 24 тима.

Кога сега би завршил лигашкиот дел, во осминафиналето директно би влегле и Интер, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Во баражите за влез во осминафиналето можни парови, меѓу другите, би биле Наполи со Ливерпул или Борусија Дортмунд и Барселона против Јувентус или Галатасарај.

Моментната ситуација е таква, но сепак има уште две кола во кои може многу работи да се сменат.

- Оглас -

Најнови вести