Со победа и со реми в џеб, и со еден бод пренесен во вториот круг, ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за новиот, вистински предизвик на Светското првенство. Следуваат уште три натпревари со навистина квалитетни селекции: Австрија, Катар и Франција.
Селекторот Кире Лазаров пишуваше нешто во нотесот, а потоа остана и малку подзамислен, веројатно „цртајќи“ си во глава дел од тактиката што утре ќе им ја пренесе на ракометарите и ќе побара да ја спроведат на терен против Австријците. Тие пренесоа два бода откако во својата група го победија Катар со 28-26. Загубија од Французите, кои несомнено ќе бидат најголемото искушение и за Македонија в сабота.
Марко Митев е во строј, сите останати се исто така на број…