Манчестер јунајтед трет натпревар по ред не успева да победи, откако претходно ќе обезбеди водство.
Заминувањето на Оле Гунар Солскјер не ги реши проблемите, а Ралф Рангник има старт под очекувањата, па затоа е мала веројатноста дека тој ќе добие константна тренерска работа.
Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс ги критикуваше играчите и тренерот дека воопшто не се грижат со тоа какви резултати имаат на теренот.
„Воопшто не им е грижа на фудбалерите дали победиле, изгубиле или одиграле нерешено. Се прашувам дали тие заслужуваат да го носат дресот на Манчестер јунајтед“ изјави Сколс.
По натпреварот со Саутемптон, кој заврши 1:1, германскиот стратег жестоко го нападна екс фудбалерот на овој тим.
„Голем дел од работите што ги кажа тој не се точни, а лесно е да се коментира од страна. Ни треба подобра завршница и ние самите тоа го знаеме, а тоа дека играчите не го заслужуваат овој дрес, нека подразмисли добро што кажа Сколс.
Сакаме да победуваме и не ни е воопшто сеедно што сме во ваква ситуација, а тој ако знае подобро, нека дојде и нека помогне“ кажа по мечот Рангник.