Сега е и официјално: Дербито МЗТ – Работнички ќе се игра на 3 март во Сараево!

Раководството на кошаркарската АБА 2 лига одлучи третиот турнир од ова регионално натпреварување да се игра во Сараево, а последниот четврти турнир на Златибор, каде што беше и првиот.

Со оглед на тоа што во првото наредно коло треба да се игра скопското дерби МЗТ Скопје Аеродром – Работнички, сега веќе е јасно дека историјата (првпат скопското дерби ќе се игра во странство) ќе се пишува на 3 март, во салата на хотел „Хилс“ во Сараево, и тоа на пладне, со почеток во 12 часот.

Во Сараево ќе се играат три кола. МЗТ во Сараево ќе се сретне со Работнички, Ловќен и Младост Земун, а Работнички ќе игра со МЗТ, Сутјеска и Широки.

Последниот турнир од регуларната сезона во АБА 2 е закажан за 22-28 март на Златибор во Србија. Потоа следува плејоф во кој ќе разигруваат осум тима. Првакот оди во главната АБА-лига, а поразениот финалист ќе разигрува со претпоследниот од Првата јадранска лига. Засега МЗТ е на позиција која води во плејофот, додека Работнички е при дното затоа што има и три службени порази, но има уште шест кола во кои тимот ќе се обиде да влезе во Топ 8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести