Тотенхем Хотспур објави дека Игор Тудор заминува од функцијата менаџер на тимот.
Во официјалното соопштение од клубот се вели дека Хрватот го напуштил клубот по меѓусебен договор на страните. Истотака му дадоа поддршка во овие тешки денови на приватен план, неодамна почина таткото на Тудор.
Тудор беше назначен за главен тренер на Спарси на 14-ти февруари. Под водство на 47-годишниот тренер, лондончани одиграа седум натпревари, во кои победија само еднаш, а загубија пет пати.
На табелата во Премиер лигата по 31 натпревар, Тотенхем е на 17-то место, еден бод над зоната за испаѓање.

