Сега е и официјално: Јулијан Нагелсман е нов селектор на Германија!

Германската фудбалска федерација официјално потврди дека Јулијан Нагелсман е нов селектор на машката репрезентација и тој ќе биде човекот што ќе ги води Панцерите на Европското првенство во 2024 година, кое ќе се одржи токму во Германија.

Усниот договор со Нагелсман беше постигнат пред некој ден, а сега е ставен и потписот и овој стручњак може да почне со следење на формата на актуелните и потенцијалните репрезентативци. Договорот му е до 31 јули 2024.

Нагелсман на клупата на Германија го наследува Ханси Флик, кој не ги исполни очекувањата и со него Германците имаа само 4 победи на 17 меча. Првиот меч на Нагелсман како селектор ќе биде на 14 октомври, на пријателски дуел на гости против САД во Хартфорд (сојузна држава Конентикат), додека три дена подоцна играат со Мексико во Филаделфија.

- Оглас -

Најнови вести