Откако беа познати сите осминафинални парови во Лигата на шампиони, следуваше ждрепка која го одреди костурот за оваа сезона до самиот финиш, односно каков може да биде патот на екипите до евентуалното финале.
Тоа што е јасно е дека шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона нема да може да се паднат еден против друг се до самото финале, секако ако двете екипи имаат успех во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето.
МОЖНИ ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
1 ПСЖ- Ливерпул / Бриж – Aстон вила
2 ПСВ – Арсенал / Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
3 Бенфика – Барселона / Борусија Дортмунд – Лил
4 Баерн Минхен – Баер Леверкузен / Феенорд – Интер
МОЖНИ ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ
Победникот од четвртфиналето со број 2 против победникот од четвртфиналето 1
Победникот од четвртфиналето со број 3 против победникот од четвртфиналето 4