16.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Сега е најпотребно, а навивачи одговорија како што треба, стадионот ќе биде полн

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра претпоследниот дуел од тековната Мундијалска кампања против репрезентацијата на Казахстан. Нашата репрезентација уште е првопласирана во групата за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

Според најавите, досега е продаден речиси 90% од капацитетот на Арената, што значи дека нашата репрезентација ќе има голема поддршка од трибините.

Македонија со победа ќе остане на првото место во групата. Освен наш триумф против Казахстан, ќе навиваме и Велс да слави над Белгија. Во една таква ситуација, Македонија во последното коло на гости кај Велс во Кардиф сама ќе решава за директен пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести