Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, денеска и официјално е промовиран како нов играч на англискиот премиерлигаш Брајтон.
Брајтон се согласи да донесе Фати на едногодишна позајмица без право на откуп на договорот идното лето, а исто така ќе согласи да покрие 80 отсто од неговата плата.
Шпанскиот репрезентативец се одлучи да замине во Брајтон поради менаџерот Роберто де Зерби кој форсира офанзивен и атрактивен фудбал, иако имаше понуди и од Арсенал, Челси и Тотенхем.
https://twitter.com/OfficialBHAFC/status/1697589126692770273?s=20