Сега е официјално: Новак нема да игра на мастерсот во Индијан велс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално се повлече од ждрепката за турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс, откако не му беше дозволен влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Одлуката за повлекување на Ѓоковиќ ја соопшти организаторот на турнирот и објави дека местото на Србинот ќе го зазеде Николоз Басилашвили.

Претходно, Новак побара специјална дозвола за влез во САД, тој доби поддршка и од Тенискатата федерација на САД, но неговото барање сепак беше одбиено.

Турнирот во Индијан Велс започнува в среда и ќе се игра до 19 март.
Потоа следува Мастерсот во Мајами, и сигурно е дека Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти и тој турнир.

- Оглас -

Најнови вести