Сега е вистинскиот предизвик за Спортска прогноза – Врие од дерби-дуели во деветтото коло

Деветтото коло на Спортска прогноза почнува за типување од денеска, а новата рунда во трката за прекрасниот „ајфон 11“ ќе биде една од најтешките досега во трите сезони на бесплатанта игра на Sport Life и Спорт Манија.

На менито на популарната Тринаесетка врие од дерби-натпревари, па задачата да се погодат максимален број натпревари ќе биде сложена.

Прогнозите можат да се комбинираат денеска од 14 часот, а последен рок за типување за ова коло е сабота, во 13.30 часот.

Тогаш почнува низата од интересни натпревари и многу дерби-дуели со мечот меѓу Евертон и Манчестер јунајтед. Авантурата продолжува со уште едно големо саботно дерби, овојпат во Бундеслигата, со пресметката во Дортмунд меѓу Борусија и Баерн Минхен од 18.30 часот.

Недела ќе започне со уште еден атрактивен дуел, сега на Чизмата, а Лацио ќе му биде домаќин на Јувентус во 12.30 часот.

Аталанта и Интер ќе играат во 15 часот, за потоа со нетрпение да го очекуваме дуелот меѓу двата последни англиски шампиони Манчестер сити и Ливерпул од 17.30 часот.

Финишот на колото со многу предизвици е со уште едно германско дерби меѓу Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах, што ќе започне во недела од 18 часот.

Важно како и секогаш е да се погодат и двете резервни двојки во ова коло, Калјари и Сампдорија и Валенсија против Реал Мадрид, бидејќи поените се калкулираат за Генерален пласман.

 

 

- Оглас -

Најнови вести