Сега и ФИФА ќе мора да признае, Кристијано Роналдо е најдобар стрелец на сите времиња!

Со трите гола кои ги постигна вечерва на „Олд Трафорд“ против Тотенхем, Кристијано Роналдо го надмина Јозеф Бичан, кого ФИФА го сметаше за најдобар стрелец во историјата на фудбалот, иако многумина го оспоруваа тоа.

Бичан кој играл од 1931 до 1955 година, над 400 гола дал за Славија Прага, а играл за репрезентациите на Австрија и Чехословачка, беше заведен во ФИФА како стрелец на 805 гола, а Кристијано сега има повеќе од него (807), и дефинитивно е голгетер каков што не се памети во историјата на фудбалот, барем според бројот на постигнати голови.

 

- Оглас -

Најнови вести