12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Сега и ПСЖ го тужи Мбапе: Бараат од него 180 милиони евра за пропаднат трансфер

Килијан Мбапе и ПСЖ се разделија летото 2024 година на не баш пријателски начин, а фудбалерот и неговиот поранешен клуб од тогаш се на суд. Договорот на Французинот истече и тој се пресели во Реал Мадрид како слободен агент.

Тогаш обвини и започна судски спор за неисплатени плати и бонуси во висина од 55 милиони евра, а судот во Париз се уште нема донесено одлука. Во меѓувреме и „светците“ покренаа тужба против својот поранешен фудбалер.

ПСЖ од Килијан Мбапе побарува 180 милиони евра за пропаднатиот трансфер во Ал-Хилал, кој во 2023 година нудеше 300 милиони евра за неговите услуги, но фудбалерот не прифати да се пресели во Саудиска Арабија.

Сега и адвокатскиот тим на францускиот репрезентативец ја промени реториката, па нивните побарувања пораснаа од 55 милиони евра на 240 милиони евра.

Се чини дека и трудовиот суд во Париз се најде во небрано, бидејќи никогаш претходно нема одлучувано за толку високи суми.

- Оглас -

Најнови вести