Сега и Шефилд плаче од ВАР, Сити првиот гол го даде „со помош“ на судијата

Манчестер сити со 2:0 го победи Шефилд јунајтед и остана чекор зад Лестер во трката за второто место во Премиер лигата. И овој меч не можеше да помине без сомнителни ситуации. Шефилд во првото полувреме даде гол за водство, но по прегледот на ВАР-технологијата, беше утврдено дена милиметри се во прашање, но има позиција офсајд.

Во вториот дел Сити поведе со погодокот на Серхио Агуеро, а интересно е дека пред да биде постигнат тој гол, главниот судија не сакајќи ги блокираше гостинските играчи да реагираат, па примија погодок. Шефилд е 32-риот клуб ов Премиер лигата против кој Агуеро дава погодок. Единствено Агуеро нема дадено погодок против Болтон во премиерлигашки дуел.

Пред крајот на дуелот, Кевин де Бројне погоди за 2:0 и сигурна победа на Сити.

 

- Оглас -

Најнови вести